Хрватскиот шампион Динамо Загреб и понатаму урива рекорди на Балканот кога се во прашање трансферите. Клубот од „Максимир“ го договори трансферот на шпанскиот интернационалец Дани Олмо во лидерот на табелата во Бундес-лигата, Лајпциг, за 35 милиони евра. Фудбалерот ги напуштил подготовките на Динамо Загреб и по завршување на формалностите ќе биде претставен како ново засилување на тимот што го предводи Џулијан Нагелсман.
За Дани Олмо се интересираа и Манчестер Сити, Барселона, Њукасл, Херта, Баер Леверкузен, но на крајот Лајпциг победи во трката за потписот на новопечениот шпански репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА