Најголемиот губитник во фудбалот ја напушта Рома и се сели во Турција

Никола Калиниќ кој ќе остане запаметен по тоа што поради недисциплина беше исфрлен од репрезентацијата на „коцкестите“ од Светското првенство во 2018 во кое „коцкестите“ стигнаа до финалето, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во турски Фенербахче.

Калиниќ кој во моментов е на позајмица во Рома од редовите на Атлетико Мадрид. Тој за „волчицата“ забележа само девет настапи во тековната сезона во која двапати се запиша во листата на стрелците. Рома не сака да го задржи во своите редови, а и Диего Симеоне не е заинтересиран, бидејќи располага со голем број напаѓачи.

Калиниќ со Атлетико Мадрид има договор до 2021 година, но најверојатно турскиот гигант ќе биде подготвен да го откупи неговиот договор кој вреди 9 милиони евра.

Се вчитува...