Најголемиот „крвник“ во фудбалот: Во кариерата добил 46 црвени картони!

Полуд од Џерардо Бедојa во фудбалот нема. Овој колумбиски фудбалер во текот на својата кариера добил дури 46 црвени картони.

Бедоја сигурно не го знаете според фудбалските квалитети, но сигурно поради постојаните карате потези кои ги презентира на фудбалските терени.

Најголемата глупост која ја направил датира од 2012 година кога за време на дебито за Санта Фе против својот поранешен клуб Милионариос, успеа да го удри противничкиот фудбалер Рамиерз со лакт а потоа го „дотолчи“ и со удар со нога во глава.

Тоа беше негов 41-ви црвен картон во кариерата, а подоцна доби уште пет. Кариерата му траеше 20 години, за да конечно на радост на многумина ја заврши во 2015 година. За репрезентацијата на Колумбија одигра 46 натпревари, притоа и постигнувајќи четири погодоци.

Се вчитува...