Најголемиот парадокс на новиот формат на шпанскиот Суперкуп

Шпанската фудбалска федерација пред неколку месеци одлучи од годинава Суперкупот да има нов формат. Раководството одлучи за трофејот да се борат четири тима и тоа финалистите од Копа дел Реј и двете првопласирани во Лигата.

На првиот мини турнир кој се игра во Саудиска Арабија настапија Барселона како првак на Ла лига, Валенсија како освојувач на купот и Реал Мадрид и Валенсија. Во првото полуфинале Реал беше подобар од Валенсија, додека во второто Атлетико Мадрид ја совлада Барселона.

Тоа значи дека екипите кои практично треба да играат за трофејот (шампионот од Ла лига и куп освојувачот) нема да имаат шанса да се борат за негово освојување. Тоа ќе биде за прв пат во историјата на шпанскиот Суперкуп првиот трофеј во новата сезона да не го освои ниту еден од освојувачите на трофеи од минатата.

Се вчитува...