Најголемото промашување на Челси се прости од клубот

Дени Дринквотер пред пет години му беше продаден на Челси од Лестер за сума од 41 милион евра, а за клубот од „Стенфорд бриџ“ одигра само 23 натпревари. Кога 2017 година дојде од Лестер во Челси, многу сметаа дека „сините“ добија добро засилување и играч кој во следните години ќе ја гради играта на лондонскиот тим.

Но, пет години подоцна сите го заборавија Дени Дринквотер. Тој се прости од клубот на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се за шансата која ја добил да биде дел од клубот. Тој во овој период беше на четири позајмици, а за лошите повреди најчесто се правдаше со големиот број на повреди.

Три пати настапи и за репрезентацијата на Англија, а на позајмици помина во Барнли, Астон Вила и Касимпаша.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danny Drinkwater (@dannydrinkwater)

Се вчитува...