Најголемото промашување на Сер Алекс Фергусон замина во пензија

Најголемото трансфер промашување на Сер Алекс Фергусон од времето поминато во Манчестер Јунајтед, Ерик Џемба Џемба стави крај на својата професионална кариера на 41. годишна возраст.

Џемба Џемба пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување од Нант во 2003 година во трансфер вреден 3.5 милиони фунти, а од Камерунецот се очекуваше да биде наследник на Рој Кин. Сепак напаѓачот не ги исполни очекувањата и по две години премина во редовите на Астон Вила.

До крајот на карирата броеше настапи низ разни првенства во Европа и Азија, меѓу кои и српското каде настапи за Партизан. Кариерата ја заврши во францускиот четвртолигаш Шатоборн.

Се вчитува...