Најискусните „поцрвенеа“ низ многу борба во Автокоманда, но без ефект… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје и Брегалница демонстрираа многу борба на денешниот натпревар во Автокоманда во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига, но на крај без победнички ефект со реми без голови.

Натпреварот го одбележаа и двата црвени картони во второто полувреме, по еден на секоја од страните.

Интересно, исклучувања заработија најискусните фудбалери во двата тима и поранешни македонски репрезентативци. Најпрво 34-годишниот Даниел Мојсов во 67. минута кај Брегалница заработи втор жолт картон за старт врз Христијан Кировски, а потоа во 81. минута кај Скопје „поцрвене“ 37-годишниот Баже Тодорвски по стартот над Дарко Додев…

 

Се вчитува...