„Најк“ ќе го спасува ПСЖ од маките со финансискиот фер-плеј

Францускиот гигант Пари Сен Жермен реализираше два неверојатни трансфери пред почетокот на сезоната, доведувајќи ги на „Паркот на принцовите“ Бразилецот Нејмар и францускиот репрезентативец Килијан Мбапе. Тоа значително го оптовари финансискиот буџет, но исто така направи проблеми и со финансискиот фер-плеј на УЕФА. За да може ПСЖ следната сезона да игра во Европа, ќе мора да продава дел од фудбалерите во јануари, и да оствари приход од најмалку 80 милиони евра, но во помош ќе прискокне и компанијата за спортска опрема „Најк“.

Според новиот договор, „Најк“ ќе биде спонзор на ПСЖ и во наредните десет години, до 2027 година, а ќе ги триплира вложувањата во клубот. Досегашните 25 милиони евра по сезона, ќе бидат зголемени на околу 70 милиони евра годишно, па раководството на клубот ќе има помали маки за да го задоволи финансискиот фер-плеј на УЕФА.

ПСЖ и понатаму размислува за продажба на дел од фудбалерите во зимскиот преоден рок. Од Париз најверојатно ќе си заминат Анхел Ди Марија, Хавиер Пасторе, Џулијан Дракслер, Лукаш Моура, Кевин Трап…

  

Се вчитува...