Растојанието меѓу Манчестер и Лестер изнесува 160 километри, па Јунајтед и Сити вообичаено патуваат со автобус секогаш кога треба да му остуваат на овој противник.
Исклучокот е направен денеска, откако „црвените ѓаволи“ тргнаа со авион на ова кратко патување. Летот според англиските медиуми траел само десет минути, се со цел избраниците на Солскјер крајно одморени да влезат во дуелот со „лисиците“.
Од клубот од „Олд Трафорд“ објасниле дека станува збор за одлука донесена врз прогноза на полицијата, дека на автопатот М6 денеска ќе има долги колони, па за да не ризикуваат патуваат да се продолжи за неколку часа челниците на клубот решиле да изнајмат мал авион за што поскоро да стигнат до Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА