Најлесниот гол во кариерата на Барди (видео)

Енис Барди продолжува да ги тресе противничките мрежи откако македонскиот репрезентативец се запиша меѓу стрелците и на денешниот дуел меѓу Леванте и Атлетик Билбао.

Гостите од Баскија имаа предност од 0-2 кога Барди во 70. минута ја намали негативата на својот тим. Македонскиот ас немаше тешка работа, откако беше несебично проигран од Борха Мајорал, па немаше тешка задача од два метри да ја затресе празната мрежа на Атлетик.

Се вчитува...