Најлошиот Арсенал од 1977 година

Седум натпревари без победа во Премиер-лигата, девет средби без успех во сите натпреварувања и 10. место на табелата со само 19 бода по 15 одиграни кола.

Ова е најлошиот Aрсенал од 1977 година. Клубот од Лондон има најслаба сезона во 42 години. По поразот од Брајтоn од 2-1 во синoќeшната пресметка, Арсенал само ја продлабочи кризата.

Отказот на Унаи Емери не донесе никаква промена. Фреди Љунгберг веќе две средби е на клупата и не успева да го разбуди тимот. Ја нема ниту среќата на Оле Гунар Солскјер, кој кога дојде како замена за Жозе Мурињо, имаше добри резултати и доби постојан договор.

Најмногу морам да работам на самодовербата. Тоа е главна грижа на секој тренер кога тимот е во ваква ситуација“ – вели Љунгберг.

 

Се вчитува...