Најлошиот Атлетико во „ерата на Чоло“ – Четврти пораз во низа за актуелниот шампион во Ла лига (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид дефинитивно ги живее најлошите денови во „ерата на Чоло Симеоне“. Душекчиите го запишаа и четвртиот пораз во низа во Ла лига, откако во заостанатиот меч од 9. коло загубија на гостувањето кај Гранада со 2-1.

Гостите подобро отворија и поведоа со голот на Жоао Феликс уште во 2. минута. На 1-1 израмни Мачис во 17. минута, додека конечните 2-1 ги постави Молина во 61. минута. Мора да се напомене дека при резултат 1-1 главниот судија на мечот му поништи гол на Феликс поради фаул во напад.

Голот за победа на Гранада можете да го видите на следниот линк. 

 

 

Се вчитува...