Најлошиот шут за победа во историјата на НБА (ВИДЕО)

Богатата НБА ноќ проследена со 13 натпревари ни приреди големи возбудувања, а во пет натпревари победникот беше ревашан со звукот на сирената, но ни еден шут не беше успешен. Промашуваа Дончиќ, Томсон, Олиник, Хуерие, а најлошото промашување ни доаѓа од натпреварот помеѓу Портланд и Минеоста.

Истото е дело на Кајл Ендерсон кој при негатива од 107-105 на својот тим се одлучи за продор во рекетот, а обидот од половина метар заврши на врвот на таблата. Неговиот обид веднаш стана атракција на социјалните мрежи каде беше опишан како најлошиот шут за победа во историјата.

Се вчитува...