Најлудата штафета: За сто метри од седмо до прво место (видео)

Неверојатнa завршница имаше штафетната трка 4х100 метри на средношколскиот митинг во Западна Вирџинија, во која Себастијан Спенсер оствари неповторлив подвиг, во својата делница од сто метри мина дури шест ривали за да стигне до првото место.

При последната измена штафетата на Спенсер  се наоѓаше на седмото место, но тоа беше само мотив повеќе за овој спринтер да истрча незапирливо во своите 100 метри, на воодушевување на сите присутни на настанот.

Погледнете како изгледаше оваа супер-интересна трка…

Се вчитува...