Најлудиот кош во Евролигата сезонава: Де Коло од своја половина, под прекршок… без коски (видео)

Пресметката меѓу Асвел и Монако носи интересна кошарка, а мечот ќе остане запаметен по неверојатните поени што ги постигна Нандо де Коло во втората четвртина.

Францускиот репрезентативец тргна од под сопствениот кош, забележа дека ќе биде фаулиран, па реши да упати шут за тројка. Потегот беше искусен, но никој не очекуваше дека Де Коло покрај изнудениот прекршок ќе ја погоди и тројката од повеќе од половина терен.

Судиите ја прегледуваа снимката и утврдија дека Де Коло бил во движење за шут, признавајќи ја тројката и доделувајќи му дополнително слобоно фрлање на големиот ас.

Се вчитува...