Најмалерозниот фудбалер позитивен на допинг-тест

Поранешниот италијански репрезентативец Џузепе Роси го доби епитетот најмалерозен фудбалер поради бројните повреди на колената, кои го спречија овој талентиран напаѓач да го покаже сиот свој потенцијал. Сега Роси се соочува со нов сериозен проблем, откако беше обелоденето дека искусниот напаѓач бил позитивен на допинг тест по натпреварот меѓу Беневенто и Џенова одигран на 12 мај.

Станува збор за супстанца што се наоѓа на листата на забранети стимуланси, но според италијанските медиуми би можела да биде „признаена како легална во еден случај“. Токму поради ова Роси бил два пати испрашуван од страна на официјални лица, но неговите објаснувања биле далеку од задоволителни, поради што е покрената и дисциплинска постапка против овој фудбалер.

Обвинителството официјално ќе го претстави својот случај на 1 октомври, а веќе е објавено дека ќе се бара суспензија од една година за прекршување на правилата за анти-допинг кои од година во година се се поригорозни.

Се вчитува...