Најнеизвесен избор по речиси 20 години: НБА го објави најдобриот „руки“ на сезоната (ВИДЕО)

Младата ѕвезда на Рапторс, Скоти Барнс ја освои наградата за најдобар „руки“ на сезоната во НБА лигата во најнеизвесниот избор од 2003 година, од кога гласањето се одвива по актуелниот систем на бодување.

Кошаркарот на кандаскиот тим ја освои наградата со 48 гласови и вкупно 378 бода, само 15 повеќе од Еван Мобли од Кливленд и Кејд Канингем од Детроит.

Барнс и Мобли имаат слични сезони и слични улоги во своите тимови кои сезоната ја завршија на сличен начин. Најдобриот „руки“ на сезоната во просек постигнуваше 15.3 поени, 7.5 скока и 3.5 асистенции со реализација од 49 отсто од поле и 3о отсто за три поени, додека кошаркарот на Кливленд забележа просек од 15.0 поени, 8.3 скока и 2.5 асистенции со 51 отсто од поле и 25 отсто за три поени.

Се вчитува...