Најоригинален спортски хуман гест: Мехмед Баждаревиќ изработува маски од омилениот дрес на Железничар

Поранешниот југословенски репрезентативец, а сега тренер Мехмед Баждаревиќ во миговите кога коронавирусот ја тресе и Франција, земјата во која живее и работи, изнајде начин да помогне со изработка на „домашни“ заштитни маски. Тоа го прави од дресот на клубот во кој се афирмираше, Железничар од Сараево.

Баждаревиќ пандемијата го затекна во францускиот град Монбеилар каде што живее, а хуманиот гест наголемо се раскажува, посебно во фудбалскиот свет.

„Овде каде што живеам има осамени и возрасни луѓе кои имаат проблем да најдат заштитни маски. Една госпоѓа ми се пожали дека не смее да излезе надвор затоа што нема маска. Реков дека јас ќе се погрижам за тоа. Со сопругата Марина одлучивме да помогнеме и маските ги правиме од материјалот на дресот на Железничар. Ги обложуваме и со медицинска заштитна газа, а Марина ги дополнува и со детали, на пример го везе бројот 10“, изјави Мехмед Баждаревиќ.

Тој се прослави во дресот на Железничар во поранешната југословенска лига, а потоа долги години играше и во францускиот клуб Сошо.

 

 

Се вчитува...