Најпаметната одлука на Интер: Наместо отказ, сега скудето и нов договор за Антонио Конте

Интер со забрзани чекори оди кон шампионската титула, а меѓу најзаслужните дефинитивно е Антонио Конте, тренерот што успеа да создаде „машинерија“ што ги „меле“ ривалите на терените ширум Италија. Да се потсетиме, работите не изгледаа така розево пед неколку месеци, особено откако Интер втора година по ред беше елиминиран од групната фаза во ЛШ, по што притисокот врз управата да го отпушти најплатениот тренер во Италија беше огромен.

Дури и директорот Бепе Марота, кој дотогаш имаше неколку конфликти со Конте,беше за тренерска смена, водејќи раговори со Масимилијано Алегри за негова преселба на „Џузепе Меаца“. Буквално во последен час кинеските газди се премислија, наместо отказ му укажаа максимална доверба на својот тренер, кој им возврати на најдобар можен начин, с серија победи со која „нероаѕутите“ сега имаат удобна предност во однос на ривалите во Калчо-лигата.

Конте не само што остана, туку наскоро ќе добие и нов договор. Челниците на клубот знаат дека тој е најзаслужниот за оваа извонредна сезона, па подготвија нов тригодишен договор за Конте. Тој ќе добие уште поголемо зголемување на платата, па од наредната сезона ќе заработува дури 13,5 милиони евра по сезона, а се очекува Интер да има и буџет од околу 80 милиони евра за нови фудбаалери.

Се вчитува...