Најпознатиот шпански судија: „Тежок срам е поништениот гол на Барселона“

Судиите во шпанската Ла Лига во последно време често се мета на критики, но можеби и донекаде заслужено. Од коло во коло на терените во Шпанија се гледаат се повеќе судиски грешки, и покрај тоа што има ВАР. Изминатиот викенд светот беше сведок на шокантна одлука да биде поништен гол на Барселона во дуелот со Лас Палмас.

Рафиња постигна гол, иако во офсајд позиција, го проигра противничи играч, кој играше со топката, што беше почеток на нова акција, судијата сигнализираше офсајд. За целата ситуација проговори сега веќе пензионираниот Матеу Лахоз.

„Поништениот гол на Рафиња е една од најголемите грешки кои сум ги видел. Тоа е тежок срам, лудост е тоа што судијата се реши да досуди офсајд. Рафиња никако не учествуваше во таа акција, а топката дојде до него откако претходно противнички играч два пати ја удира топката и го менува правецот. И натаму не ми е јасно како овој гол беше поништен“, рече Лахоз.

Се вчитува...