„Најправилна опција за Лејкерс е да го трејдуваат Леброн“

Лос Анџелес Лејкерс беа едни од фаворитите за освојување на титулата сезонава во НБА лигата, а на крајот останаа и без пласман во плеј-оф. Ситуацијата во екипата е сложена бидејќи немаат пикови на драфтот поради трејдот за Ентони Дејвис.

Познатиот американски новинар, Стивен Смит смета дека Лејкерс треба да го трејдуваат својот најдобар кошаркар, Леброн Џејмс и тоа во редовите на Мајами Хит.

„Да сум на нивно место би се јавил во Мајами. Погледајте само кого се имаат. Тука се Бем Адебајо, Тајлер Хироу, има доста млади и талентирани играчи. Јас веднаш би ги барал Мајами“, изјави Смит. 

 

Се вчитува...