Најпрепознатливиот Македонец од „Фалангата“ пристигна и во Минхен… (ФОТО)

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Најпрепознатливиот Македонец од „Фалангата“, Даниел Цонев пристигна и во Минхен со поддршка за македонските ракометри на натпреварот од второто коло на СП 2019 против Бахреин.

Цонев, како што ни изјава, едноставно не можел да си дозволи да го пропушти Мундијалот и да пренесе позитивна енергија за ракометарите и покрај тоа што, поради обврски, ќе го следи само денешниот дуел на црвено-жолтата армија.

„Допатував само за овој натпревар на македонската репрезентација на Мундијалот. Поради обврски не сум во можност да бидам подолг, но не можев да пропуштам да бидам и ова Светско првенство и да искажам поддршка за нашите ракометари. Верувам дека ќе имаат повеќе од успешни настапи до крајот на шампионатот“ – истакна Цонев по пристигнувањето во Минхен.

Се вчитува...