Најшеговитите изјави на Раниери: „Човекот-колбас“, „Солзи за старата госпоѓа“, „Дили-динг, Дили-динг…“

Клаудио Раниери си заминува од Лестер, но со повеќе од доволно восхит и почит од секој искрен навивач на клубот. 65-годишниот Италијенец остави силна трага за историјата на Лестер, препознатлив шарм и бројни анегдоти кои засекогаш ќе останат запаметени.

Фудбалскиот свет ќе остане да се сеќава на дел од неговите најпрепознатливи духовити изјави, кои остануваат за незаборав…

1. Пица за секого

„Им реков, ако не примите гол на овој натпревар ќе купам пица за секого. Мислам дека тие сега чекаат од мене, да понудам и хот-дог исто така“ – Раниери им вети пица на своите играчи пред октомвриската победа од 1-0 против Кристал Палас.

2. Јас сум „човекот-колбас“

„Јас плаќам за пица, а вие колбасите! Јас сум човекот-колбас“ – одговор како реакција на угостител од Лестер кој во негова чест промовираше во својот ресторан „колбас Раниери“.

3. Дили-динг, Дили-динг

„Од самиот почеток кога на тимот во одредени моменти му одеше лошо пеев: „Дили-динг, Дили-динг. Разбуди се, разбуди се!“ Па, така на Божиќ за сите играчи купив ѕвончиња. Тоа секако беше шега“ – кога во 2015 година им подари на фудбалерите ѕвончиња за Божиќ, за да ги натера да не спијат на тренинг, за време на божиќните празници.

4. Фантастичен коњ

„Ова не е фудбалер, ова е фантастичен коњ!“ – опишувајќи го Варди во интервју за американски портал.

5. Вие сте воини

„Им реков на фудбалерите кога ќе истрчате на терен и ќе ја чуете песната од Касабиан, значи дека треба да бидете вистински воини. Ме послушаа… Сакам фудбалерите да бидат воини во очите на навивачи“ – по победата над Сандерленд во август 2015 година.

6. Стара госпоѓа во дрес на Лестер

„Прекрасно е кога пред почетокот на натпреварот ќе видите надвор од стадионот стара госпоѓа во дрес на Лестер. Тогаш си велам: Неверојатно, тие доаѓаат со сето срце да не поддржат. Тоа буди силни емоции“ – Раниери со солзи зборуваше на прес-конференција по победа на домашен терен.

7. Во ерата на парите, ние сме најдобри!

„На моите фудбалери им кажав – титулата, сега или никогаш! Во ерата на парите ние сме најдобри затоа што даваме се од себе. Затоа што веруваме во своите срца и моќ. Дили-динг, дили-динг ние сме шампиони“ – откако стана јасно дека Лестер ќе се закити со шампионската круна во Премиер лигата.

Се вчитува...