„Најсилниот српски состав може да игра егал со ведетите од НБА“

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Душко Савановиќ за српските медиуми ја прокоментира ждрепката за Олимписките игри во која нашиот северен сосед се најде во иста група со Соединетите американски држави.

Савановиќ вели дека е подобро за Србија што ќе се сретне со САД уште во групната фаза, а шансите за победа се 50-50 доколку Србија на собирот во главниот град на Франција настапи со најдобриот состав.

„Во најсилното наше „издание“, па и од другата страна да бидат имиња како Кевин Дурент, Стеф Кари па и Леброн Џејмс, како што најавија за учество на Олимписки игри, давам минимум 50-50 отсто шанси за победа. Не мислам дека наведните ведети отскокнуваат од „орлите“ во најсилен состав“, изјави Савановиќ за „Спорт Клуб“.

Се вчитува...