Најскап, а најслаб: Кепа има најлош процент на одбрани во Премиер-лигата

Челси повторно е во криза, а една од причините што тимот на Френк Лампард не може да влезе во победнички ритам дефинитивно е и слабата форма на Кепа Аризабалага. Шпанецот е најскап голман во фудбалскта историја откако „сините“ платија 72 милиони фунти за неговиот трансфер од Атлетик Билбао, но Кепа не само што се покажува како слаба инвестиција, туку и остварува потпросечни бројки за тим каков што е Челси.

Кепа е голманот со најслаб просек нa одбрани во Премиер-лигата, со статистичкото истражување што само ја потврдува неговата слаба форма. Тој има само 55% успешност во интервенциите, а пред него се наоѓаат Поуп од Барнли со 60,2% и Руи Патрисио од Вулверхемптон и Тим Крул од Норвич со по 62,7% успешност.

На листата се наоѓаат голмани кои бранеле најмалку по 10 средби сезонава, поради што на неа нема место за ниту еден од чуварите на мрежата на Вест Хем.

Очекувано, најдобар процент на интервенции има Алисон Бекер од Ливерпул, со 83,3%, а второто место му припаѓа на Дин Хендерсон од Шефилд Јунајтед (75,3%), пред Гуаита од Кристал Палас, Шмајхел од Лестер, Мекарти од Саутемптон…

Се вчитува...