Најскап дефанзивец во историјата на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд мачи мака со ефикасноста, на прагот на заминување е и Пјер Емерик Обамејанг, па токму затоа изненадувачки е што приоритет на „милионерите“ во овој преоден рок беше доведувањето на нов дефанзивец. Така, нов член на Борусија од денеска е Мануел Аканжи, кој со трансферот од Базел воедно стана и најскап одбранбен играч во историјата на бундеслигашот од Дортмунд.

Вкупниот трансфер изнесува 25 милиони евра, од кои „милионерите“ ќе платат 21,5 милиони со самата реализација, а преостанатите 3,5 милиони се во зависност од исполнувањето на неколку клаузули во зависност од број на насстапи и освоени трофеи.

Со ангажманот на Аканжи се урива претходниот рекорд што беше сопственост на Бразилецот Еванилсон, кој во 2003 година пристигна од Парма за 15 милиони евра, но се покажа како огромно промашување.

Се вчитува...