Најскапиот трансфер во историјата на Серија А – Лукаку во Челси за 115 милиони евра (ФОТО)

Ромелу Лукаку е нов играч на Челси, пренесува добро упатениот Фабрицио Романо. Репрезентативецот на Белгија блесна во дресот на Интер претходната сеозна и беше еден од клучните играчи во походот кон титулата за „нероаѕурите“, а со тоа се активираше алармот на „Стемфорд Бриџ“ за враќање на својот поранешен играч.

Трансферот е реализиран за 115 милиони евра, со што доскорешниот напаѓач на Интер стана и најскапото заминување во историјата на италијанското првенство. 28-годишникот во Челси ќе заработува 12 милиони евра по сезона плус бонуси.

Се вчитува...