Најскапите единаесет – Тим вреден 783.5 милиони евра

Заврши преодниот рок во фудбалска Европа. Многу фудбалери ги промениа средините за голема сума, а аналитичките куќи ширум светот го составија најскапиот тим, кој вреди 783.5 милиони евра.

На голот се наоаѓа Јаспер Силесен кој од Барселона премина во Валенсија за сума од 35 милиони евра. На десен бек е Жоао Кансело, кој од Јувентус направи трансфер во Манчестер сити за сума од 65 милиони евра. На централните одбранбени позиции се најскапите дефанзивци во историјата Хари Мегваер чиј трансфер од Лестер во Манчестер Јунајтед вредеше 87 милиони евра и Матајс де Лихт кој во Јувентус премина за 85.5 милиони евра.  Одбраната ја пополнува левиот бек, Ферланд Менди кој од таборот на Лион пристигна во Реал Мадрид за 48 милиони.

Во средината се наоѓаат Еден Азар кој за 100 милиони пристигна на „Сантијаго Бернабе“ од Челси, Френки де Јонг кој за 75 милиони, од Ајакс премина во Барселона, Родри од Атлетико во Сити за 70 милиони, како и Николас Пепе од Лил во Арсенал за 80 милиони.

Во нападот двоецот е Антоан Гризман од Атлетико во Барселона за 120 милиони и Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико за 126 милиони евра.

Се вчитува...