Најскапото засилување во историјата на Арсенал заминува од „Емирати“

Најскапото засилување во историјата на Арсенал, Никола Пепе за кој „топџиите“ издвоија 80 милиони евра во 2019 година е пред излезните врати на „Емирати“ и пред враќање во Франција каде постои интерес од Ница, пренесуваат англиските медиуми.

Очекувањата за Французинот беа големи, но тој никогаш не го исполни својот потенцијал. За Арсенал досега одигра 112 натпревари на кои постигна 27 гола и оствари 21 асистенција, но неговата минутажа драстично се намали по превземањето на клубот од страна на Микел Артета.

Оваа сезона тој сеуште чека на првите минути во дресот на „топџиите“ со оглед на тоа што натпреварите против Кристал Палас и Лестер ги преседе на клупата.

Се вчитува...