Најсмешната замена на сите времиња се случи во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Во фудбалот, имаме можност да гледаме секакви ситуации речиси секој ден, а една од најчудните се случи во фудбалската лига на Саудиска Арабија. Имено, на првенствениот натпревар помеѓу Ал-Наср Ријад и Ал-Хилал, фудбалерот Нордин Амрабат требаше да ја напушти играта во 82-та минута, но начинот на кој тој го стори тоа е доста чуден и комичен.

Кога Мароканецот сфати дека мора да излезе од игра, на патот кон клупата, се враќаше неколку пати за да се поздрави со судијата, а откако виде дека главниот арбитер не е расположен за таквиот начин на задржување на времето, Нордин мораше побрзо да го напушти зелениот терен.

Ваквиот комичен начин на излегување од игра предизвика вниамние и смеа кај фудбалската јавност, па со еден несекојдневен потег, овој фудбалер си направи своја голема промоција низ фудбалскиот свет.

Се вчитува...