Најсрамниот потег на Мундијалот: Отаменди не знае да губи (ВИДЕО)

Големината на спортистите, велат, се покажува во моментите кога го губат натпреварот и треба да покажат фер-плеј и респект кон ривалот, иако емоциите се силни поради лошиот резултат. Ако Кристијано Роналдо покажа човечка и спортска големина при повредата на Единсон Кавани,  помагајќи му на противникот да излезе од теренот, тогаш дефинитивно Николас Отаменди го направи најсрамниот потег во досегашниот тек од Светското првенство.

Аргентинците губеа со 4-3 од Франција во последните мигови од првото осминафинале, а тој со сета сила ја шутна топката во телото на паднатиот Пол Погба, покажувајќи ја својата огромна фрустрација. Очигледно дека аргентинскиот дефанзивец не знае да губи…

 

Се вчитува...