Најстариот фудбалер на Јунајтед заминува по 1029 денови без настап

Поранешниот англиски репрезентативец Том Хитон ќе се радели со Манчестер Јунајтед чиј дел беше од 2021 година. Сега 39-годишникот е дете на „црвените ѓаволи“ и во кариерата го носеше дресот на славниот англиски клуб во два наврати.

Првиот од 2005 до 2010 година, а вториот по 11 годни и овој пат се задржа „само“ четири години, но без забележан настап во последните 1029 денови и покрај годишната заработка од 2.9 милиони евра.

Хитон и на 39-годишна возраст не се откажува од фудбалот со цел повторно да биде прв избор.

„Не можеш да го загубиш чувството. И понатаму се обидувам да се изборам за дресот па затоа и деновите за натпревар ми се многу тешки. Седам на трибини, работам на загревање со дечките, а потоа се пресоблекувам и превземам одговорност на поддршка од сенка“, изјави Хитон.

Покрај за Манчестер Јунајтед во кариерата настапуваше и за Свиндон, Ројал Антверп, Кардиф, КПР, Рошдејл, Бристон Сити, Барнли и Астон Вила.

Се вчитува...