Најстариот кошаркар во НБА со шестата тројка во кариерата изедначи клупски рекорд (ВИДЕО)

Мајами стигна до 19 победа во НБА лигата откако славеше на домашен терен против Индијана со 125-96. Покрај победата домаќините имаа и дополнителен мотив за славје откако во последната четвртина во игра влезе Јудонис Хаслем кој со тројка го изедначи клупскиот рекорд од 22 постигнати обиди зад линијата 7,24 на еден меч.

Со 41 година Хаслем е најстариот кошаркар во НБА лигата во која дебитираше во 2003 година во генерација со Леброн Џејмс и Кармело Ентони. Крилниот центар целата кариера ја помина во Мајами, а интересно тројката за мечот со Индијана за него е само шестта од 60 обиди во 19 годишната кариера.

Се вчитува...