Најтажните сцени од манчестерското дерби: Срамни расистички испади, мајка принудно го изнесе синот од стадион… (ВИДЕО)

Вчерашната победа на Јунајтед од 1-2 против Сити во манчестерското дерби мина во сенка на однесувањето на навивачите на „граѓаните“.

Фудбалерот од средниот ред на Јунајтед, Фред беше погоден со тврди предмети кога се обидуваше да изведе корнер, а за време на мечот постојано ‘трпеше’ и расистички навреди. Веднаш по завршувањето на мечот Сити се појави со соопштение преку кое се огради од однесувањето на одреден број свои навивачи и во соработка со локалната полиција најави дека веќе работи на нивна идентификација.

Од раководството на Манчестер сити истакнаа дека на навивачите кои расистички го навредуваа Фред доживотно ќе им биде забранет влез на „Етихад“.

Во близина седеше и една повозрасна госпоѓа која кога виде што се случува и како се однесуваат пооделни навивачи го зеде синот за рака и го изнесе од стадион.

По натпреварот и менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солксјер истакна дека сите оние кои го навредуваа Фред повеќе не треба да гледаат фудбал на стадионите ширум светот.

 

Се вчитува...