Најубав гол на Мундијалот – „Проектилот“ на Павар против Аргентина

Франција се закити со титулата на Светското првенство во Русија, откако во големото финале ја совлада Хрватска со 4-2, а и признанието за најдобар гол на Мундијалот му припадна на член на „триколорите“. Не е ниту Мбапе, ниту Гризман, туку најубавиот гол на СП 2018 го постигна Бељамин Павар.

Десниот бек на селекцијата на Франција упати вистински проектил против Аргентина и ја смести топката зад грбот на Франко Армани. Второто место му припадна на Колумбиецот Хуан Квинтеро и неговиот момент на генијалност против Јапонија, додека на третата позиција се најде погодокот на Лука Модриќ против Аргентина.

Се вчитува...