ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн
Владимир Булатовиќ
Македонскиот селектор Игор Ангеловски во голема мера како и на претходните натпревари во Лигата на нациите, без многу калкулации, а максимално офанзивно ќе се впушти и на дуелот против Лихтенштајн вечерва од 20:45 часот во Вадуц.
Веќе е познат составот со кој Македонија ќе стартува на „Рајнпарк“ стадионот на кој атакува на нови три бода со кои се чини и дефинитивно ќе биде блиску пред осигурувањето на првото место во групата.
Во однос на претходните дуели стручниот штаб овој ќе нема на располагање тројца стандардни првотимци, Елиф Елмас и Езгијан Алиоски кои мора да паузираат поради црвен односно два жолти картони како и повредениот Стефан Ристовски. Па, како замена за Алиоски на левата странична позиција се очекува да стартува Мите Цикарски, а фудбалерот на Шкендија, Егзон Бејтулаи се очекува да биде на десната бековска позиција, заедно со Висар Муслиу и Кире Ристевски на централните дефанзивни позиции. На голот, и покрај очајната партија во Ереван, Ангеловски не ја откажува довербата за Столе Димитриевски.
Во средниот ред треба да стартуваат Енис Барди и Стефан Спировски заедно со Аријан Адеми или Бобан Николов, а во нападот тројката Трајковски – Пандев и Несторовски или Тричковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА