Нани: Доаѓавме пијани на тренинг, на Ферги не му пречеше

Сер Алекс Фергусон важеше за исклучително строг стратег, но трофејниот стручњак дефинитивно покажувал „милост“ кон своите фудбалери кога станува збор за божиќните и новогодишните празници. Ова го потврди и поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Португалецот Нани, кој откри дека често се случувало играчи на Манчестер да се појавуваат пијани на тренинг по Божиќ или по новогодишната ноќ.

„Никога немав таков проблем во Англија. Се знаеше кога се има тренинг, а кога може да излезеш до подоцна, доколку следниот ден немаше тренинг. Тогаш знаевме да излеземе, или пак на специјални денови како Божиќ или Нова Година. Се случуваше и по неколку играчи да дојдат на тренинг пијани од претходната ноќ, но на Ферги никогаш не му пречеше кога стануваше збор за празник. Тоа беше тој дел од карактерот на Сер Алекс, кој знаеше кога и како треба да се однесува со фудбалерите. Ќе не видеше и само ќе кажеше дека денеска е празник и не треба многу да бара од нас. Цела година трениравме напорно и што доколку еден ден Вес Браун ќе се појавеше пијан? Ќе трениравме поинаку, ќе трчавме наоколу и ќе се глупиравме, па и уште повеќе ќе го засилевме тимскиот дух“ – истакнува Нани.

Тоа е големината на тренерот, не само да наметнува авторитет, туку и да знае кога и како треба да се однесува со играчите, за потоа секогаш да го извлекува максимумот од нив. А Фергусон дефинитивно беше број 1 во тој сегмент.

Се вчитува...