Нант ќе преигрува 11 минути од спорниот меч со Ним!

Екипата на Нант во петок ќе ги преигра последните 11 минути против Ним во дуелот од четвртфиналето во Купот на Франција. Тимот на Кире Лазаров се најде во незгодна ситуација на два дена пред реваншот со Мешков Бретс во четвртфиналето од ЛШ, да мора да го преигра и спорниот дел против Ним, откако Француската федерација ја одби нивната жалба.

Нант првично го доби дуелот со Ним со 27-26 за пласман во полуфиналето, но потоа победата им беше службено одземена откако ним приложи жалба затоа што Нант во еден момент игра со осум играчи во поле, судиите тоа не го забележале, а Нант во тие моменти постигнал клучен гол.

По прегледувањето на снимката од Француската ракометна федерација одлучија да се преиграат последните 11 минути, или попрецизно 10 минути и 19 секунди од дуелот кога Нант го направил прекршокот. Резултатот ќе биде вратен  на оној што беше во тие моменти (23-23), Нант ќе добие исклучување, а Ним напад.

Нант се жалеше на ваквата одлука и побара да се преигра целиот натпревар во друг термин поради дуелот со Мешков Брест во ЛШ, но ФФХ ја одби жалбата и потврди дека на 30 март ќе се преигра само спорниот завршен дел.

Нант ваквата одлука, Нант на својот официјален сајт најави дека „ќе размислат и ве одлучат каков ќе биде нивниот следен чекор“.

Иако е невообичаено, не е прв пат ФФХ да донесе ваква одлука. Поради постигнат гол по грешка, претходно со одлука на ФФХ се преигруваа и последните  3 минути и 41 секунда од натпреварот од втората лига меѓу Вернон и Безансон (28-24).

Се вчитува...