Нант поразен од Монпелје, Лазаров скромен

По трите победи во серија, Кире Лазаров со Нант го запиша првиот пораз во францускиот шампионат. Нант на домашен терен беше поразен од Монпелје со 27-30. Македонскиот капитен беше со скромен учинок на овој дуел, постигна само два гола, еден од седмерец и еден од игра.

Домашниот тим на одмор замина со еден гол предност (15-14), но во второто полувреме беше комплетно во инфериорна позиција. Невообичаено лош ден имаа голманите на  Нант, со само седум одбрани. Само две одбрани имаше првиот голман на Нант, Сирил Думулин, а пет одбрани запиша Арно Сифер.

Следен предизвик за Нант е дуелот со Барселона на 7 октомври во Лигата на шампионите што ќе биде и прва пресметка на Лазаров со својот поранешен клуб.

Се вчитува...