Нападнати судиите на мечот Осогово – Детонит (ВИДЕО)

Осогово и Детонит јуниор одиграа без победник 1-1 во натпревар од 26. коло во Втората македонска фудбалска лига исток.

Сепак, натпреварот го одбележа еден инцидент кој што се случи по крајот на натпреварот. Дел од навивачите на домашните незадоволни од конечниот резултат како главен виновник за ремито на Осогово го посочија главниот судија и неговите помошници.

 Асанов во 45.минута му донесе водство на Детонит за да во 59.минута Манов успеа да израмни на 1-1.

Се вчитува...