Напаѓачот на Арсенал: Не ми е гајле што ќе ми донесат конкуренција

Бразилскиот напаѓач и член на Арсенал, Габриел Жезус не е премногу вознемирен од шпекулациите дека во тимот наскоро би можел да пристигне Ајван Тони од екипата на Брентфорд.

Арсенал бара напаѓач кој ќе може да ја зголеми конкуренцијата во нападот, а изборот наводно паднал токму на Тони, по што Жезус кажа дека не му е грижа.

„Ова се агенти кои зборуваат за многу работи. Дури и во Манчестер Сити и јас и Агуеро постигнувавме голови. Дадов многу голови, но луѓето ги поврзуваа со други во тимот. Не ми е гајле ако ми донесат конкуренција. Знам какви квалитети имам и што можам да направам за мојот тим. Можам да давам голови, дад помогнам за многу други работи. Но, ова може да го видат само оние кои разбираат фудбал. Оние кои не разбираат може само да коментираат: „О, тој не постигна гол денеска“. Не е лесно да се даде гол. Понекогаш луѓето ги гледаат само бројките, а не она што е прикажано на терен“, изјави Жезус.

Се вчитува...