Напаѓачот на Борусија Дортмунд: Изгубената титула ми падна потешко од болеста

Минатата сезона Бундеслигата беше една од најдраматичните во историјата. Борусија Дортмунд во последното коло влезе со два бода предност пред Баерн, но не успеа да ја освои титулата откако во последното коло направи „кикс“ и одигра само 2-2 со Мајнц како домаќин, а „Баварците“ во последните мигови триумфираа во Келн и ја продолжија доминацијата.

Еден од трагичарите на натпреварот со Мајнц беше и Себастијан Халер, кој што промаши пенал, а потоа пропушти и шанса во 60. минута.

Неговата приказна е неверојатна. Пропушти поголем дел од сезоната поради тоа што му беше дијагностициран рак на тесисите. Беше на операција, а потоа беше подложен и на хемотерапија. Халер се потсети на натпреварот со Мајнц, за кој кажа дека тогаш му било потешко отколку кога дознал дека има рак.

„Навистина тој ден ми падна потешко од денот кога ми соопштија дека имам рак. Ако сте болни, не може да сторите ништо. Морате да го прифатите тоа и да минете низ него. Од друга страна ја имавме титулата во свои раце, и можевме да влијаеме на се. Во тој случај мора да прифатите дека можеби сте погрешиле или сте донеле погрешни одлуки“, рече Халер.

Се вчитува...