Наполи без двајца клучни играчи за дербито со Аталанта

Наполи ќе биде сериозно ослабен за гостувањето во Бергамо против Аталанта во првото коло по репрезентативната пауза, по суспензиите што им беа изречени на двајца стандардни првотимци на „наполитанците“.

Имено, Дисциплинската комисија при Серија А им врачи казни од по еден меч неиграње на Виктор Осимен и на Амир Рахмани, па најдобриот стрелец на Наполи и стандардниот дефанзивец нема да му бидат на располагање на тренерот Спалети на овој важен дуел. „Наполитанците“ заостануваат три бода зад лидерот Милан и не смеат да си дозволат неуспех во Бергамо доколку сакаат да останат во трката за скудетото.

Покрај двајцата фудбалери на Наполи, суспензии од по еден натпревар во пресрет на 31. коло од Калчо-лигата заработија и: Анри (Венеција), Пабло Мари (Удинезе), Остигард (Џенова), Пелегрини (Јувентус), Паризи (Емполи), Побега (Торино) и Педро (Лацио).

Се вчитува...