Наполи го продава Кулибали за 90 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Наполи попушта во случајот со дефанзивецот Калиду Кулибали, кој е еден од најбараните дефанзивци во светот во овој момент, Финансиската криза која сигурно ќе ги погоди и клубовите го промени ставот на раководството на Наполи по прашањето на негова продажба. Претседателот Аурелио де Лаурентис во минатото имаше цврст став дека тој останува во Неапол и дека нема да биде продаден без заинтересираниот клуб да оддели сума од 120 милиони евра. Но, сега би го продал и за 30 милиони евра помалку, тврдат италијанските медиуми.

Кулибали има договор до јуни 2023 година со „наполитанците“, а за него подолг период постои интерес од најголемите европски клубови. Манчестер Сити, Барселона, Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер Јунајтед се во редот за негов потпис и најверојатно ќе наддаваат во летниот преоден рок.

Се вчитува...