Наполи го пушти Максимовиќ на позајмица во Спартак Москва

Спрскиот дефанзивец Никола Максимовиќ до крајот на сезоната ќе го носи дресот на рускиот шампион Спартак Москва како позајмен фудбалер од Наполи. 26-годишниот фудбалер во претходните неколку дена допатува во Русија каде без проблеми ги помина медицинските прегледи и стави потпис на привремена соработка.

Својата кариера ја започна во Ужице, потоа во Црвена звезда пред да се пресели во Серија А каде играше три сезони за „биковите“ од Торино. Наполи во јули 2017 година го направи втор најскап српски фудбалер во историјата околу 25 милиони евра севкупно со бонуси, но никако да се приспособи на стратегијата на Сари откако забележа вкупно 16 настапи за една ипол сезона.

Сега ќе ги брани боите на братскиот клуб на Црвена звезда, Спартак Москва и пред се ќе треба да помогне во походот кон одбрана на титулата во руското првенство.

Се вчитува...