Раул Албиол се врати назад во Шпанија

Раул Албиол по неколку сезони минати во дресот на Наполи се врати назад во Примера Дивизион, потпишувајќи договор со Вилјареал. Искусниот дефанзивец стана прекуброен во тимот на Карло Анчелоти по доаѓањето на Манолас, а „жолтата подморница“ експресно реагираше и го доведе Албиол во своите редови.

Вилјареал ја плати клаузулата од шест милиони евра за ангажман на дефанзивецот, кој потпиша тригодишен договор за плата од четири милиони евра по сезона.

За очекување е по комплетирањето на овој трансфер, Вилјареал да го официјализира и ангажманот на Алберто Морено, кој е достапен како слободен играч по истекот на договорот со Ливерпул.

Се вчитува...