Наполи успеа да слави на тешкото гостување во Рим со 0-1, и така да ја симне Рома од врвот на табелата во Серија „А“. Сега Наполи заедно со Милан се на делба на првото место на табелата со 28 поени, додека Рома падна на чевртата позиција, но има само еден бод помалку од водечките.
Стрелец на единствениот гол за победа на овој меч беше Давид Нереш по еден брз противнапад на гостите. Изгубена топка, по што контра која ја поведе Хојлунд, и одлично го проигра Давид Нереш, кој излезе сам пред Свилар и успеа да го совлада.
Во вториот дел во игра кај Наполи влезе и Елмас во 80. минута на местото на асистентот на голот Хојлунд. До крајот на мечот Наполи го издржа притисокот од Рома благодарение и на голманот Вања Милинковиќ-Савиќ кој во 90 минута му одбрани удар на Балданци и така успеа да ја сочува мрежата нечепната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

