Наполи има само 11 здрави фудбалери за дербито со Јуве

Наполи се соочува со сериозна криза на почетокот од 2021 година, откако на серијата повреди се надоврзаа и бројни случи на коронавирус, кои создаваат главоболка кај стручниот штаб на чело со тренерот Лучијано Спалети.

„Наполитанците“ на 6 јануари ги очекува големото дерби со Јувентус, за кое Спалети во моментов има на располагање само 11 здрави фудбалери. Кулибали, Ангуиса и Оунас заминаа на Купот на Африкански Нации, додека позитивни на коронавирус во последните три дена беа Осимен, Елмас, Лозано, Петања и Малкуит.

Ако на ова се додаде дека Марио Руи ќе го пропушти дербито поради суспензија, јасно е дека Спалети ќе има проблеми да „скрпи“ тим и ќе мора да ризикува со Инсиње и Фабијан Руиз од првата минута, иако двајцата неодамна го победија коронавирусот и не се максимално подготвени за да минат 90 минути на терен.

Се вчитува...