Наполи ја доби жалбата: Дербито со Јуве ќе се преигра

Големото калчолигашко дерби меѓу Јувентус и Наполи сепак ќе се игра, откако Апелациската комисија при Олимпискиот Комитет на Италија ја прифати жалбата на „наполитанците“, оценувајќи дека тимот на Елиф Елмас не бил во можност да патува за Торино за дуелот со актуелниот првак.

Италијанската Фудбалска Федерација го регистрираше мечот со службена победа од 3-0 за Јувентус, воедно казнувајќи го Наполи со минус еден бод поради непојавување на терен.

Сепак, апелациската комисија оцени дека тимот на Елиф Елмас не можел да отпатува за Торино поради рестрикциите наметнати од локалните власти, а по позитивните тестови на Зиелински и на Елмас. Градските власти од Неапол имаа издадено решенија за самоизолација на сите фудбалери и членови на стручниот штаб, челниците на федерацијата сметаа дека тоа е дел од договорот со Де Лаурентис за дербито да не се игра, но „апелација“ ги прифати аргументите на Наполи и беше донесена одлука дека мечот сепак ќе мора да биде одигран.

Новиот датум на одигрување ќе биде дополнително објавен.

Се вчитува...