Наполи ја наполни мрежата на Лацио и се искачи на врвот на Италија

Наполи на нашиот Елиф Елмас по 14. коло во Серија А е осамен на врвот на табелата откако славеше со убедливи 4-0 против Лацио. Голеадата на „Диего Марадона“ неаполитанците ја најавија уште во 7. минута кога стрелаше Зиелински, а веќе до полувремето со головите на Мертенс домаќините стигнаа до предност од 3-0.

Второто полувреме беше само формалност во кое шанса од 64. минута доби и македонскиот репрезентативец, а Наполи стигна и до четвртиот гол откако Руиз во 85. минута го совлада Реина.

Киксот на Милан на гостувањето кај Сасуоло беше во прилог на Наполи па сега „сините“ побегнаа на чекор пред „росонерите“ на првото место на табелата со 35 освоени бодови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...